Арсенал се врати на победничките патеки, падна градскиот ривал (Видео)

Екипата на Арсенал по три нерешени и еден пораз во серија во англиската Премиер лига, конечно забележа победа, и тоа против градскиот ривал Челзи со 3-1. Со оваа победа Арсенал се искачи на лидерската позиција на табелата, но Топчиите имаат два натпревари повеќе од Манчестер сити.

Победникот на овој натпревар беше најавен уште во првото полувреме, кое Арсенал го доби со убедливи 3-0. Одегард постигна два погодока, додека Жесус еднаш стрелаше прецизно во голот на Челзи.

Почесниот погодок на Челзи беше дело на Нони Мадуеке во 65-тата минута.

Головите кои ги постигна Арсенал во првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести