Обрадовиќ по поразот: „Тие имаат единаесетмина НБА-кошаркари“

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, даде свое мислење за поразот од Реал Мадрид во Белград од 80-82. Тој, меѓу другото, вели дека се гордее со своите кошаркари и публиката во белградската Арена.

„Немавме добра пас-игра. Тоа нас нè краси како екипа, но вечерва тоа го немавме. Игравме многу споро. Јас кажав дека сум горд на моите кошаркари и на сето ова што го прават. Дури и вечерва одигравме добро. Пред натпреварот ви кажав, тие имаат 11-мина кошаркари од НБА-лигата. Имаат луксуз да бираат кој ќе игра. Таварес е најдоминантен, но немам причина да не верувам во моите кошаркари. Знам дека ќе имаат ветер во грб од нашите навивачи“, рече Обрадовиќ на официјалната прес-конференција по натпреварот против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести