Матео: „Треба да се помачиме за да победиме овде уште еднаш“

Тренерот на Реал Мадрид, Хесус Матео, е задоволен од победата на неговата екипа над Партизан во третиот натпревар од Евролигата, но ништо не е завршено бидејќи веќе во четврток треба да се одигра и четвртиот натпревар од серијата против Црно-белите од Белград.

„Прекрасната кошаркарска атмосфера нè натера да грешиме. Го изгубивме Пуире на загревањето и не можевме да сметаме на него. Игравме преку Таварес на пост и успеавме да се вратиме преку него. Во последните моменти бевме заморни, играчите вложија голем труд бидејќи не е лесно да се победи тука. Ќе треба уште многу да се помачиме за да победиме повторно овде. Добра победа за нас и мора уште еднаш да го повториме ова за да се вратиме серијата повторно во Мадрид“, изјави Матео по победата над Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести