Анчелоти уште еднаш потврди дека нема да биде селектор на Бразил

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, повторно ги демантираше шпекулациите дека по завршување на сезоната, ќе седне на клупата на репрезентацијата на Бразил.

Анчелоти има договор со Кралевите до 30 јуни 2024 година, додека Бразил е без селектор откако Тите си поднесе оставка по елиминацијата на Кариоките во четвртфиналето на Светското првенство што се одржа во Катар минатата година.

Челниците на Фудбалската федерација на Бразил веќе неколку пати објавија дека сакаат Анчелоти да биде новиот селектор на Кариоките, но Италијанецот кој седи на клупата, повторно демантира дека ќе ја прифати понудата.

„Не сакам да зборувам за иднината, но глупост се прказните дека имам некаков рок. Не постои никаков рок бидејќи никогаш не сум зборувал со некого за преземање на репрезентација на Бразил. Време е таквите приказни да престанат“, изјави Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести