„Форбс“ ја објави листата на десеттемина најплатени спортисти за 2023-та година

„Форбс“ ја објави листата на десетте најплатени спортисти во 2023 година. Во сумите се вклучени парите кои ги заработуваат од клубовите, но и спонзорските договори. Оваа година за првпат вкупната сума на најплатените десетмина спортисти надминува една милјарда евра. Досегашниот рекорд беше од 2018 година, кога вкупната сума беше 960 милиони евра.

Листа на најплатените спортисти (во милиони евра):

  1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 123,2 милиони евра
  2. Лионел Меси (фудбал) – 117,7
  3. Килијан Мбапе (фудбал) – 108,7
  4. Леброн Џејмс (кошарка) – 108,2
  5. Канељо Алварес (бокс) – 99,6
  6. Дастин Џонсон (голф) – 96,9
  7. Фил Мајклсон (голф) – 95,1
  8. Стеф Кари (кошарка) – 90,9
  9. Роџер Федерер (тенис) – 86,1
  10. Кевин Дурант (кошарка) – 80,7

Интересно на списокот има само тројца фудбалери, но тие се на првите три места. Тројца има и од кошарката, изненадувачки двајца се голф-играчи, додека само еден е тенисер.

- Оглас -

Најнови вести