Кристијано Роналдо има пет опции, која ќе ја одбере?

Кристијано Роналдо има неславна авантура во Саудиска Арабија, која многу веројатно ќе заврши уште ова лето. Португалецот зимава потпиша за Ал-Наср и требаше да остане две и пол години на Арапскиот Полустров, сепак, многу веројатно тоа нема да се случи.

Роналдо во моментов има пет опции за својата кариера. Секако, Реал Мадрид е секогаш опција, но во овој случај таа е најмалку веројатна.

Опција е и враќање во Спортинг Лисабон, каде што Португалецот ја започна својата кариера и многупати има изјавено дека сака таму и да ја заврши кариерата.

Третата европска опција за Кристијано Роналдо е трансфер во амбициозниот Њукасл, кој сега има богати сопственици и е многу блиску да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Ваков трансфер секако дека е прифатлив за Португалецот.

Последната европска опција е ПСЖ, кој ќе бара нова ѕвезда во екипата бидејќи сосема е извесно дека Меси ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Во опција е и еден клуб кој не е од Европа, односно е од Северна Америка. Се работи за Лос Анџелес од САД, но и оваа опција, слично како и таа за трансфер во Реал Мадрид, е малку веројатна во моментов, пред сé поради желбата на Португалецот да се врати во европскиот фудбал и да игра во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести