Костас Слукас беше еден од милениците на навивачите на Фенербахче во сезоната кога истанбулските Канаринци станаа европски шампиони, а вечерва Гркот му донесе вредна победа на Олимпијакос против Фенер од 72-71, и тоа со тројка во последна секунда.
Олимпијакос има 2-1 во победи, а следниот меч пак се игра во Истанбул, но мајсторката би била во Пиреја и затоа оваа тројка е злато вредна.
На 3,8 секунди до крајот, Марко Гудуриќ даде кош за водство на Фенербахче од 71-69, домашните се радуваа бидејќи беа на прагот на победа, но тројката на Слукас ги смрзна.
https://twitter.com/i/status/1653847439881932800