Ќе има 20.000 цвеќиња во Арената: Навивачите на Партизан подготвуваат трогателно збогување од настраданите во масакрот

Партизан и Реал Мадрид вечерва ќе го играат четвртиот меч во четвртфиналната битка од Евролигата, а сè останува во сенка на трагедијата која вчера се случи во Белград. Осум деца и еден возрасен беа убиени во едно училиште во главниот град на Србија откако нивен соученик вооружен со пиштоли влезе и направи незапаметен масакр во овој дел од Европа.

Поради овој трагичен настан имаше дилема дали денеска да се игра кошаркарскиот меч, но решено беше дека ќе се игра, а средбата ќе започне со едноминутно молчење. Навивачите на Партизан најавија дека нема да прават никакви кореографии и нема да има „фешти“ пред средбата, ниту ќе има музика или забавна програма на полувремето и меѓу четвртините.

Фановите на Партизан апелираа сите оние кои ќе бидат во „Штарк арената“, а најавено е дека ќе има над 20.000 гледачи, со себе да донесат по еден цвет кој треба да биде положен на паркетот непосредно пред мечот.

Партизан води со 2:1 во победи против Реал Мадрид и белградскиот тим со победа денеска ќе обезбеди место на фајнлфор-турнирот.

- Оглас -

Најнови вести