Вечните се разминаа, но Вардар е пред голем предизвик во Купот на Македонија (Видео)

Денес во просториите на Ракометната Федерафија на Македонија се одржа ждрепката за завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија. Вечните ривали Вардар и Пелистер се разминаа во полуфиналето, но Црвено-црните ќе треба да се помачат за да стигнат до финалето од Купот.

Вардар за противник го доби составот на Алкалоид, единствената екипа која оваа сезона ги совлада во домашното првенство, додека Еурофарм Пелистер ќе има многу полесна задача бидејќи за противник ќе го има скопскиот Пролет.

Завршниот турнир и во двете конкуренции ќе се игра во Охрид, а дуелите од машкото полуфинале ќе се одиграат на 11 мај.

Познати се и двојките за женскиот ракометен Куп на Македонија. Во полуфиналето на 12 мај ќе играат Вардар – Ѓорче Петров и Металург – Куманово. Финалето во женска конкуренција ќе се одигра, слично како и кај мажите, на 13 мај.

Како што информираше претседателот на натпреварувачка комисија на РФМ, Камер Металари, на ждрепката сите шест натпревари од Купот на Македонија ќе бидат пренесувани во живо на МТВ, а сатниците ќе ги одредат токму од МТВ.

- Оглас -

Најнови вести