Како типуваат играчите на Спортска прогноза: Лориен, Оксер и Милан се сигурици за викендов

Типувањето за новото коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, е во тек, а веќе се наѕираат и сигуриците за овој викенд според типувачите од оваа игра.

Најголем процент за победа има екипата на Лориен, дури 80,41% во дуелот против Брест. Следува уште еден француски дуел, во кој Оксер со 78,38% е фаворит против Клермон.

Голем процент има и за победата на Милан над Лацио во италијанското дерби, дури 74,46%.

Од гостинските екипи најголеми шанси ѝ се даваат на Астон вила во дуелот против Вулверхемтон, дури 58,03%.

Најголема веројатност дека ќе заврши нерешено има дуелот Рома – Интер, 48,55%.

Првиот натпревар започнува во сабота во 15 часот, а дотогаш можете да ги пополните и вашите типови на веб-сајтот на Sport Life.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X)
– Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари.
– Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести