Управата на ПСЖ се откажа од ангажирање на Зинедин Зидан или Луис Енрике и прва желба за наследник на Кристоф Галтие им е актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, објави „Фут Меркато“.
Челниците на ПСЖ сметаат дека со Специјалниот на клупата имаат многу поголеми шанси да триумфираат во Лигата на шампионите.
Според „Фут Меркато“, преговорите меѓу ПСЖ и агентот на Мурињо се започнати и доколку дојде до договор, управата на ПСЖ се надева дека ќе пронајде заеднички јазик со актуелниот тим на Португалецот, Рома. Мурињо има договор со Рома до идното лето.