Нова бламажа на челнците на ПСЖ, плаќале на инфлуенсери да ги фалат на социјалните мрежи

Францускиот инфлуенсер Сабри откри дека добивал пари од управата на ПСЖ да пишува убави работи за Светците на социјалните мрежи.

„Мојот договор со нив истекува на 13 јуни и ви давам збор дека потоа сè ќе ви раскажам. Повеќе ништо не ме интересира, уморен сум и не сакам да ги чувам работите во себе додека на мојот клуб му оди вака“, напиша Сабри на својот профил на „Твитер“.

Француските медиуми пишуваат дека инфлуенсерите добиваат дури 1.000 евра по натпревар за да пишуваат убави коментари на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести