Тренерот на Црно-белите, Жељко Обрадовиќ, изјави дека еден скок го одлучи победникот на вечерашниот натпревар во „Штарк арената“.
Кошаркарите на Реал Мадрид го добија и вториот натпревар во Белград против Партизан (78:85) и се изборија мајсторката која ќе го даде патникот на завршниот турнир во Евролигата кој ќе се игра во Каунас, Литванија.
„Еден скок. Еден скок одлучи! И кошот на Таварес. Не игравме паметно. Зошто? Ајде да видме дали можеме да промениме нешто пред петтиот натпревар. Кога ќе се погледне статистиката, имавме 11 шутеви повеќе, еден помалку за три поени и ист број на слободни фрлања. За жал, ги промашивме отворените шутеви и бевме брзоплети, исто како и на претходниот натпревар“, изјави Обрадовиќ.