Голот на Акпа-Акпро за Емполи донесе неверојатна добивка откако претходно ВАР ѝ поништи два гола на Болоња (Фото)

Неверојатен добитен тикет ни доаѓа од уплатното место на Sport Life во скопската населба Маџари. Играч со уплата само на 35 денари успеа да погоди седум натпревари на голови и да добие неверојатни 131.111 денари.

Играчот спокојно си ги следел натпреварите сè до последниот, Емполи – Болоња, кој е одигран 2+ во прво полувреме. Дуелот почнува одлично со погодок уште во првата минута, но потоа ВАР поништува два погодока за Болоња, а спасот и добивката стигнуваат дури во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме, кога Акпа Акпро зголемува на 2-0.

Претходно сите натпревари завршуваат без драми и без поголеми проблеми. Тикетот започнува со дуелот од српскиот Куп помеѓу ТСЦ и Нови Пазар, а играта 2+ во прво излегува во 35-тата минута, кога домашните доаѓаат во водство од 2-0.

На натпреварот од данскиот Куп помеѓу Алборг и Силкеборг гол-гол во прво полувреме е уште во 20-тата минута, кога домашните израмнија на 1-1, а победата на Гетеборг во комбинација со 3+ излегува уште во првото полувреме бидејќи домашните првиот дел го добија со 3-0, а на крајот победија со 6-0.

Изненадувањето на Норкопинг над Хамарби беше обезбедено во самиот финиш, односно со голови во 79-тата и 85-тата минута за сигурна победа од 2-0.

Најголемата квота на тикетот е гол-гол во прво полувреме на натпреварот Севиља – Еспањол, дури 5.10, но и тука без проблеми играчот го заокружува овој натпревар. Во 29-тата минута Еспањол израмни на 1-1. Шестиот натпревар, победата на Копенхаген во комбинација со 3+ е обезбедена уште во првото полувреме, односно во 21-вата минута, кога Копенхаген веќе води со 3-1, а до крајот на мечот се постигнати уште четири гола за конечни 5-3.

 

- Оглас -

Најнови вести