Економски и маркетинг-експерти тврдат дека Пари Сен Жермен ќе претрпи големи финансиски загуби ако остане без Лионел Меси.
Договорот на Меси со Светците од Париз истекува летово и најверојатно нема да биде продолжен, што значи дека Лео ќе ја смени клупската средина, и тоа како слободен играч, без ПСЖ да добие отштета.
Ако си оди Меси, ПСЖ ќе има помала заработувачка од продажба на дресови, а ќе падне и цената за која ќе ги продадат телевизиските права. Ова се првите негативни ефекти од заминувањето на Меси.
Со заминување на Меси, губи и француската лига, која сега заработува 80 милиони евра годишно од правата за пазари како Азија и Јужа Америка. Ако ги нема Меси и Нејмар во ПСЖ, интересот на овие континенти за мечевите на ПСЖ ќе падне, а клубот ќе загуби и доста сладбеници на социјалните мрежи.
Позитивно за ПСЖ ќе биде тоа што без Меси ќе се ослободи простор за плата за доведување други ѕвезди без да се прекрши финансискиот ферплеј.