Манчестер јунајтед нема да го продолжи договорот со Вут Вегхорст, пишуваат англиските медиуми.
Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ пристигна како замена за Кристијано Роналдо, кој во зимскиот преоден рок се пресели во Ал-Наср во Саудиска Арабија, и одигра 26 натпревари, на кои постигна само два гола за Манчестер јунајтед.
Тој во Јунајтед пристигна на шестмесечна позајмица откако првиот дел од сезоната го помина во Бешикташ.
Вегхорст беше стартер во првите 19 натпревари по доаѓањето во Манчестер јунајтед, но потоа испадна од првиот тим. Холанѓанецот одигра 13 натпревари за Јунајтед во Премиер лигата и не постигна ниту еден гол.
Управата на Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да ангажира елитен напаѓач и најчесто се споменуваат три имиња, Хари Кејн од Тотенхем, Виктор Осимен од Наполи и Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.