Спортскиот директор на Наполи Кристиано Гинтоли и шефот на скаутската служба, Маурицио Мичели, се пред сензационален трансфер во Јувентус. Така Јувентус на Наполи ќе му ги “украде“ луѓето кои беа задолжени за клупската политика и се едни од најзаслужните за шампионската титула.
Минатото лето Наполи остана без Инсиње и Кулибали, но повторно направи конкурентна екипа која ја освои и шампионската титула. Најголеми заслуги за тоа имаат Гинтоли и Мичели кои направија одлични трансфери на Кваратшкелија и Мин Је, а претходно и на Осимен и Замба.
Се шпекулира дека Гиноли бил во лоши односи со сопственикот на Наполик, Аурелио де Лаурентис.