Ливерпул продолжува со победничка низа во англиското првенство, откако на својот „Енфилд роуд“ минимално со 1:0 го победи Брентфорд, во дуел од 35. коло. Мохамед Салах погоди во 13 минута и на крајот тој се покажа како доволен за три бода на домаќините.
Погодокот на Салах е многу важен за напаѓачот, затоа што тој стана најдобар стрелец во историјата на египетскиот фудбал.
Екипата предводена од Јирген Клоп мечтае дека може да стигне барем до четвртото место, па и следната сезона да може да играат во Лигата на шампиони. Ливерпул сега има 62 бодови, еден помалку од Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи имаат два меча за доигрување.