Серхио Перес ја освои пол позиција за трката во Мајами, која имаше драматична завршница. за Перес ова е трет пат во кариерата да биде најбрз во квалификации, а втор пат оваа сезона.
Веднаш зад Перес се најде Фернардо Алонсо, а од вториот ред ќе тргнат Сајнц и Магнусен. Потоа следуваат Гасли, Расел, Леклер, Окон, Ферстапен, Ботас. Неочекувано во овие квалификации се стартните позиции на главниет фаворити. Актуелниот првак Ферстапен ќе стартува од деветото место, а Леклер од седмата позиција.