Канело после 12 години боксуваше во своето Мексико, победата беше задолжителна

Боксерски спектакл се одржа во мексиканскиот град Гвадалахара, каде што домашниот миленик Саул Канело Алварез, со едногласна одлука на судиите ја одбрани титулата во супер средна категорија после борба од 12 рунди против Џон Рајдер.

Британецот беше и во нокдаун во петтата рунда, но продолжи да се бори до крај. Канело 12 години се немаше борено во својата родна земја, а после победата, побара реванш против Дмитри Бивол од кого загуби лани.

Шоуто беше и пред самата борба, влегувањето на Канело во салата беше спектакуларно, како да е отворање на Олимписки игри, и пропратено со повеќе од 150 музичари маријачи.

https://twitter.com/i/status/1655049481396580357

- Оглас -

Најнови вести