Повеќе од 30 години Англичанец немашше дадено гол за Јувентус, а сега тој може да е клучен за влез во ЛШ

Јувентус победи на гостувањето во Бергамо против Аталанта со 2:0, триумф кој вреди многу во борбата за трка за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона. Самуел Илинг Јуниор е херојот на Старата дама погодувајќи во 56 минута за предност на гостите.

Илинг Јуниор е само третиот англиски фудбалер кој погодува за Јувентус, а прв по Дејвид Плат во сезоната 1992/93.

Јувентус потоа одлично ја чуваше предноста, а буквално во последните секунди од средбата, Влаховиќ ги реши сите дилеми откако погоди за 2:0. Со оваа победа победа, Јувентус стигна до 66 бодови и се искачи на второто место на табелата, додека Аталанта остана на 58 бодови што е доволно за шесто место и сега тимот од Бергамо заостанува пет бода зад четвропласираниот Интер.

- Оглас -

Најнови вести