Де Хеа “даруваше“, Вест Хем го урна Манчестер Јунајтед (Видео)

Екипата на Вест Хем го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0 и му ја искомпликува состојбата на табелата, бидејќи “црвените ѓаволи“ имаат само бод предност од Ливерпул, кој има и натпревар повеќе.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 27-та минута од мечот кога навидум безопасниот удар на Бенрахма заврши позади грбот на Де Хеа, пред се поради катастрофално лошата интервенција на голманот на Манчестер Јунајтед.

Вест Хем и покрај победата, се уште го нема обезбедено опстанокот во Премиер лигата, иако има седум бодови предност пред екипите кои се борат за опстанок, бидејќи конкурентите имаат одиграно натпревар помалку од нив и во игра се 12 бодови до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести