Капитенот на Партизан првпат проговори за инцидентот во Мадрид

Кошаркарот и капитен на белградскиот Партизан, Кевин Пантер, немаше дадено изјава по повод инцидентот во Мадрид, а конечно се огласи во интервју за „Спортски журнал“.

Пантер поради своето однесување, доби суспензија од два меча и му направи „мечкина услуга“ на својот тим кој без него ги загуби двата меча од Реал, и тоа во Белград, па сега в среда ќе се игра мајсторка во Мадрид за место на фајналфорот во Евролигата.

„Сите видоа што се случи. Никогаш не вртам кон она што поминало. Не треба да размислуваме во правец: Што ќе беше ако не го направев тоа? Впрочем, само реагирав во моментот. Кошарка играм повеќе од 20 години и ова ми е првпат да бидам суспендиран. Среќен сум што повторно ќе играм, се чувствував како цела вечност да не сум играл. Уште имаме шанса да направиме нешто големо“, изјави Пантер.

- Оглас -

Најнови вести