Мурињо одби да се врати на „Стемфорд бриџ“, преговара со еден тим, а се надева на понуда од друг

Актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, ја одби понудата по третпат во својата кариера да се врати на клупата на Челзи.

Мурињо не сака да се врати во тимот со којшто освои три шампионски титули во Премиер лигата и неговиот агент Жорж Мендеш веќе одржал неколку рунди преговори со челниците на ПСЖ.

Португалецот нема ништо против да работи со ПСЖ, со кого смета дека има голема шанса да триумфира во Лигата на шампионите.

Но, исто така, Мурињо е заинтересиран за клупата на Реал Мадрид доколку Карло Анчелоти одлучи да се повлече.

Договорот на Португалецот со Рома му истекува идната сезона и според италијанските медиуми, доколку Римската волчица не се пласира меѓу првите четири на табелата во Серија А и не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, тешко дека ќе остане во Рим и следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести