Само неколку часа откако беше објавено дека ја прифатил понудата од Саудиска Арабија, ПСЖ му прости на Меси и го врати во тимот

Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, се врати на тренинзите на тимот откако минатата недела заработи 14-дневна суспензија поради неговиот пат во Саудиска Арабија.

ПСЖ одлучи да го казни Меси бидејќи минатата недела заминал за Ријад да потпише спонзорски договори, и тоа без дозвола од клубот, но откако денеска се појави информацијата дека Аргентинецот се договорил со најтрофејниот тим од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, челниците на Светците се премислија и му ја укинаа суспензијата.

ПСЖ на социјалните мрежи објави фотографија од Меси како тренира под која напишаа:
„Лео Меси се врати на тренинзите во понеделник“.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а речиси сите релевантни медиуми објавија дека Аргентинецот одлучил да си замине од Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести