Српското првенство е едно од најактуелните бидејќи за првпат во својата историја ќе има две екипи во Лигата на шампионите. Шампионот Црвена Звезда веќе е во групната фаза на ова натпреварување, а второто место носи пласман во квалификациите за најелитното клупско натпреварување и со евентуален пораз групна фаза во останатите натпреварувања.
Екипите на ТСЦ и Чукарички се најблиску до посакуваното второ место, а денес и двете забелажаа победи. ТСЦ беше убедлив на гостувањето во Крагуевац и го совлада Раднички со 4-1, додека Чукарички со минимални 1-0 беше подобар во дербито против Војводина.
https://twitter.com/FK_TSC/status/1655635411933224966?s=20
Значајна победа во борбата за второто место забележа и екипата на Партизан, откако со 2-0 беше подобра од Нови Пазар на домашен терен. Победа забележа и Црвена Звезда на гостувањето кај Вождовац со 0-2.
ТСЦ и Чукарички имаат по 68 бодови во борбата за втората позиција, а ги следи Партизан со четири поени помалку.