Јувентус сепак ќе биде казнет и ќе остане без Лига на шампиони

Екипата на Јувентус нема да се спаси, сепак ќе биде казнета со одземање на бодови поради финаниски малверзации на поранешната управа, пишуваат италијанските медиуми.

Иако конечната одлука треба да биде донесена околу 20-ти мај, италијанските новинари тврдат дека на Јувентус ќе му бидат одземени девет бодови, кои ќе го остават без пласман во Лигата на шампионите.

Откако италијанскиот суд вчера ги откри причините поради кои делумно ја уважи жалбата на Јувентус и ја укина претходната казна со која на клубот му беа одземени 15 бода, медиумите од судски извори дознаваат дека второстепената одлука ќе гласи казна за Јувентус и одземање на девет бодови.

Медиумите пишуваат дека Судот ги прифатил новите докази кои ги доставила фудбалската федерација на Италија, додека Јувентус не вложил жалба во делот на новата тужба каде се бара одземање на бодови.

Јувентус во февруари годинава беше казнет со одземање на 15 бодови поради финансиски малверзации, но по жалбата на Старата дама, судот наложи случајот да започне од почеток и тоа пред Федералниот суд на правдата и со нови судии.

- Оглас -

Најнови вести