Таткото на Лионел Меси, Хорхе, објави соопштение до медиумите и навивачите, во кое тврди дека неговиот син уште нема договор со ниту еден клуб за следната сезона.
Се појавија шпекулации дека Меси се согласил да се пресели во Ал Хилал за огромна плата која е светски рекорд, но неговиот татко, воедно и агент, негира дека имаат договор.
„Објавени се лажни вести. Ништо не е договорено, апсолутно ништо не сме потпишале, немаме ни устен договор, нема ни да има пред завршувањето на сезоната. Ќе одлучиме откако ќе заврши сезоната и ќе имаме време да анализираме и да ги разгледаме опциите. Некои медиуми покажуваат недостаток на почит, и го користат името на Лео за сензационални наслови без да имаат докази за своите пишувања. Не сакаат вистината да им ги расипе лажните вести“ – напиша Хорхе Меси.