Почина мајката на екс македонски селектор, беше една од најпознатите навивачки на Партизан

Почина една од најстарите и најпознати навивачки на КК Партизан, Милка Ѓикиќ, инаку мајка на поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓикиќ.

Во едно интервју, Милка Ѓикиќ велеше дека на мечевите на Партизан присуствувала од 1989 година, а беше најредовна и тоа во првите редови пред 6-7 години кога тренер на Црно-белите беше нејзиниот син.

Нека почива во мир!

- Оглас -

Најнови вести