Португалецот Жозе Мурињо во негов стил ги коментираше шпекулациите дека е кандидат во следната сезона да биде на клупата на Пари Сен Жермен. Специјалниот немал никаков контакт со Светците, а и не сака да има, барем така вели.
„Ако ми се јават, нема да ме најдат“, рече Мурињо, кој има договор со Рома до летото 2024 година.