О’Саливен: “Се дрогирав и пиев. Така изгубив 6-7 години од животот“

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен, отворено зборуваше за проблемите кои ги имал со дрогата и алкохолот. Играчот кој седумпати беше светски шампион, ја загуби титулата во 1998 година откако доби позитивен тест на марихуана и вели дека неговиот најголем проблем бил што воопшто не тренирал.

„Изгубив шест или седум години пиејќи алкохол и пушејќи трева. Потоа уште четири години се соочував со работи надвор од спортот со кои не успевав да се носам баш најдобро. Не бев фокусиран на играта. Десеттина години воопшто не тренирав. Пиев и пушев трева за да го издржам денот“, вели О’Саливен за британските медиуми.

Следувало долг процес на одвикнување од зависност и рехабилитација.

„Ми беше чудно, но успеав за себе да изградам нормален живот. Се радувам кога со пријателите одам да трчам наутро. Снукерот е моето бегство од проблемите. На таа маса, во сала полна со гледачи, се чувствувам смирено и опуштено. Секогаш го сакав овој спорт. Рехабилитацијата ми помогна да сфатам дека среќата од внатре. Верувајте ми дека тоа е вистина“, ја заврши својата исповед најдобриот светски снукер играч.

- Оглас -

Најнови вести