Екипата на Партизан имаше успешен настап во кошаркарската Евролига и во конечниот пласман заврши на шестата позиција оваа сезона. Црно-белите вкупно ќе инкасираат 1.470.112 евра.
Во оваа сума е премијата за шестото место, која изнесува 645.112 евра, но и 825.000 евра за победите оваа сезона. Евролигата им плаќа на клубовите по 37.500 евра за секоја победа, а Партизан оваа сезона оствари вкупно 22.
Секако, во оваа сума не се пресметани средствата од продадените билети, маркетингот, ТВ-правата, фан-шопот итн.