ПСЖ го суспендира Меси на две седмици без право да игра за екипата, тренинг и плата, а потоа само по шест дена, таа беше укината. Пред да се укине суспензијата, Меси јавно се извини поради неовластеното патување во Саудиска Арабија, но зад тоа извинување се крие драма и многу комбинации во кои клубот дури размислувал како да го раскине договорот со него.
Француските медиуми тврдат дека арапискиот клуб му испратил писмо на Меси во кое го повикува на разговор пред отказ, поради што морале да реагираат луѓето кои се задолжени за кариерата на Аргентинецот. Се останало на тоа бидејќи луѓето од ПСЖ сфатиле дека евентуалниот спор би го загубиле на суд.
Наместо да одат на суд, адвокатите на Меси и на ПСЖ се договориле тој да се извини јавно, а клубот да ја повлече суспензијата. Меси тоа и го направи на 5 мај, а четири дена подоцна суспензијата беше повлечена.