Вечните кошаркарски ривали, МЗТ Скопје и Работнички, вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од плеј-офот на кошаркарското првенство на Македонија.
“Штрковите“ од Аеродром се апсолутни фаворити според квотата во Sport Life со коефициент од 1.13, но затоа изненадувањето на Работнички е вреднувано со квота од рамно 6.
МЗТ Скопје во моментов е најквалитетната кошаркарска екипа во Македонија и голем фаворит во само во овој двобој, туку и за титулата шампион на Македонија. Сепак, ваквите дерби дуели секогаш носат неизвесност и изненадувања.
Токму во тој правец е и размислувањето на тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов.
– “Дуелите со Работнички секогаш носат посебен предизвик, но и одговорност. Нема простор за опуштање, а начинот на кој се игра во две победи е и дополнителен мотив да се даде се од себе од првата до последната секунда. Фаворити сме, но знаеме дека нема да биде лесно. Веруваме во квалитетот кој го поседуваме и ако одиграме како што знаеме, тогаш победата ќе биде многу блиску. Очекуваме спектакл каков што заслужува едно вакво дерби, секако со радосен епилог за нашиот тим на крај.“ – се вели во изјавата на Атанасов за официјалната ФБ страна на МЗТ Скопје.
Дуелот во СЦ “Јане Сандански“ започнува во 20:15 часот.