Голем скандал го тресе бразилскиот фудбал, откако екипата на Атлетико Параненсе отпушти двајца фудбалери поради вмешаност во наводно местење на натпревари. Станува збор за бразилецот Педрињо и еквадорецот Брајан Гарсија кои според клубот биле задолжени да се постигнат одредени “настани“ на теренот кои ќе им обезбедат големи добивки во обложувалниците на останатите вмешани.
– “Интегритетот и етиката се вредности на Атлетико Параненсе. Затоа сите во клубот се должни да обезбедат богатата традиција на фудбалот во Бразил да продолжи на сигурен начин.“ – се вели во кратко соопштение на клубот.
Последниот период во Бразил дури осум фудбалери се суспендирани поради вакви или слични скандали, бидејќи на дел од натпреварите намерно добивале жолти и црвени картони.