Фудбалерите на Тетекс славеа како гости против Арсими и успеаја да се изборат за бараж за опстанок во Втората Лига. На дуелот што се играше во Врапчиште, Тетекс во успеа да го победи Арсими со 4:3 и се искачи на 13-то место на табелата кое му носи бара за опстанок во Втората лига против еден од најдобрите третолигаши.
Екипата на Каменица Саса успеа да остане непоразена на гостувањето во Битола кај Пелистер, играјќи без голови, што беше доволно за да го завери 12-то место кои носи опстанок во Втората лига.
Локомотива Скопје иако со 2:0 ја совлада Беса, остана покуса за еден бод зад Тетекс и се сели во Третата лига.
Пласман во Првата лига обезбедија двете најдобропласирани екипи, Воска Спорт и Гостивар, додека Вардар како третопласиран ќе игра бараж за пласман во најсилната македонска фудбалска лига против Скопје. Дуелот ќе се игра на 21-ви мај во Кавадарци.
Резултати: Пелистер – Каменица Саса 0:0, Локомотива Скопје – Беса 2:0, Арсими – Тетекс 3:4, Караорман – Гостивар 0:2, Борец – Воска Спорт 1:5, Детонит Плачковица – Слога Виница 2:1, Охрид Лихнидос – Беласица 3:0, Кожув – Вардар 3:1.