ПСЖ дојде на само еден бод од титулата, навивачите повторно го исвиркаа Меси

Фудбалерите на ПСЖ со убедливи 5:0 го совладаа Ајачио на три кола до крајот на сезоната во Лига 1 и дојдоа на само еден бод од освојување на титулата. Светците по 35 кола во Лига 1 имаат 81 бод, шест повеќе од второпласираниот Ленс.

Фабијан Руиз и Ашраф Хакими му донесоа предност на ПСЖ со головите во 22-та и 33-а минута, а на стартот од вториот дел, во листата на стрелци се запиша и Килијан Мбапе кој постигна два гола. Последниот петти гол беше автогол на Јусуф во 73-та минута.

И на овој натпревар, навивачите на ПСЖ повторно го исвиркаа Лионел Меси во неколку наврати кога ја имаше топката во своите нозе.

PSG fans booing and whistling Lionel Messi.
by u/Sal21G in soccer

 

- Оглас -

Најнови вести