Сагата околу Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид, најверојатно е веќе завршена, и напаѓачот на ПСЖ нема да го задолжи кралскиот дрес во блиска иднина, пишува весникот „Марка“.
Весникот кој ретко дава грешни информации кога станува збор за Реал Мадрид, пишува дека претседателот Флорентино Перес и директорите на клубот, одлучиле тимот да го градат околу Винисиус Жуниор.
„Во Реал веќе имаат своја мегаѕвезда, тоа е Винисиус Жуниор. Директорите сметаат дека Бразилецот е подобар од Мбапе и сакаат околу него да го градат тимот. Во Реал веруваа во Винисиус кога беше на мета на критики и таа доверба сега им се враќа повеќекратно“, пишува „Марка“.
Весникот тврди дека Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ може да пристигне само под еден услов. Реал нема намера да плаќа никаква отштета за Французинот, и тој би потпишал за Кралевите само како слободен играч.