Убедлив триумф на Пелистер на стартот од полуфиналната серија против ТФТ

Кошаркарите на Пелистер поведоа со 1-0 во победи против ТФТ во полуфиналето од плејофот во домашниот шампионат. Битолчани славеа со убедливи 100:80 и поведоа во серијата кој прв до две победи.

Сите дилеми околу победникот беа решени во првата четвртина која Пелистер ја доби со убедливи 34:18, а на одмор заминаа со предност од 19 поени (62:43). Во вториот дел, битолчани рутински ја одржуваа предноста и на крајот славеа со убедливи 100:80.

Најдобар во редовите на Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 32 постигнати поени, додека Маслинко даде 23. Кај ТФТ се истакнаа Костоски и Хаутон со по 19 постинати поени.
Вториот натпревар од полуфиналната серија ќе се игра в среда. Во второто полуфинале, МЗТ Скопје води со 1-0 во победи против вечниот ривал Работнички.

- Оглас -

Најнови вести