Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, сè уште официјално не се пресели на истата функција во Јувентус, а веќе договори два трансфера за следната сезона.
Џунтоли има уште една година од договорот со Наполи, но веќе го извести сопственикот Аурелио де Лаурентис дека ќе се пресели во Јувентус, со кого ги договорил условите и веќе почнал да работи на составување на тимот на Старата дама за следната сезона.
Џунтоли одлучил да го откупи договорот на Аркадјуш Милик од Олимпик Марсеј за седум милиони евра. Милик сезонава настапува за Јувентус како позајмен играч и на 23 натпревари постигна седум гола. Италијанските медиуми пишуваат дека Џунтоли решил Мојзе Кин и следната сезона да го носи дресот на Старата дама.
Кристијано Џунтоли има клучна улога во освојувањето на титулата од страна на Наполи бидејќи најголем дел од играчите токму тој ги донесе во Неапол.