Нант не го заборави омилениот играч (Фото)

Во Нант не го заборавија омилениот играч Емилијано Сала и сите играчи на популарните „канаринци“ на загревање за мечот со Сент Етјен излегоа со дресови на кои пишуваше „Молете се за Сала“.

Мечот што беше одложен по исчезнувањето на Емилијано Сала почна во 21 часот, а и навивачите подготвија пароли со пораки на кои истакнаа дека нема никогаш да го заборават Аргентинецот.

По Сала, кој исчезна над англискиот канал минатиот понеделник со авион Пајпер Малибу патувајќи од Нант кон Кардиф, сè уште се трага. Аргентинецот требаше да игра за премиерлигашот од Велс, за кого потпиша за рекордни во клупската историја на Кардиф 17 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести