Нејмар има договор со ПСЖ до летото 2027 година, но лесно може да се случи да си замине од главниот град на Франција и да се пресели на Островот. Тој неодамна изјави дека „им се восхитува на Манчестер јунајтед, Челзи, Ливерпул и Арсенал“ и дека неговата желба е да игра во Премиер лигата.
Сега тоа може да му се исполни бидејќи Манчестер јунајтед, Челзи и Њукасл се заинтересирани за неговите услуги, а тоа значи дека две од екипите кои ги спомена го сакаат во нивните редови.
Шансите да се пресели во Челзи се најмали, со оглед на тоа дека екипата од „Стемфорд бриџ“ не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, додека најголеми се шансите да се пресели на „Олд Трафорд“, нешто за што веќе подолго време се шпекулира.
ПСЖ во 2017 година ѝ плати на Барселона 222 милиони евра за да го доведе Нејмар на „Паркот на принцовите“ и тоа сè уште е најголемиот трансфер во историјата.