Натпреварот од полуфиналето помеѓу Војводина и Чукарички од Фудбалскиот куп на Србија беше прекинат во 33-та минута, при водство на гостите од 2-0, затоа што немаше услови за игра по огромното невреме во Нови Сад.
Има најави дека средбата ќе продолжи утре.
Во вториот град по големина во Србија попладнево имаше многу силен дожд, проследен и со град, а откако судијата свирна прекин, сите со спринт по поплавениот терен заминаа во соблекувална.
Инаку, прв финалист е Црвена ѕвезда, која со 3-0 го победи ТСЦ Бачка Топола. Ѕвезда два гола даде од пенал, а при 0-0 тимот од Бачка Топола не реализира пенал.
Погледнете каков дожд го прекина мечот во Нови Сад:
https://twitter.com/i/status/1658883672290803712