(Видео) Нема недостижна негатива за Барселона, Севилја декласирана со 6-1

Барселона уште еднаш демонстрираше моќ сезонава и со 6-1 ја декласира Севилја, по незгодниот пораз на гостински терен од 0-2 на првиот четврт-финален меч во „Копа дел Реј“.

Домаќините имаа и малку среќа бидејќи при резултат 1-0 за нив, Севилја не погоди пенал. Кутињо во 13-тата минута беше прецизен од пенал, а Банега 14 минути подоцна не погоди на спротивната страна, исто така од белата точка, што се покажа како значаен фактор на реваншот.

Иван Ракитиќ со гол во 31-вата минута ја анулира негативата од првиот меч, а Барселона продолжи да гази во сигурен стил. Кутињо и Роберто со блиц-криг само за 60-тина секунди, во 53-тата и во 54-тата минута ја удвоија предноста на „Камп ноу“, а трошка надеж за гостите донесе голот на Арана.

Сепак, до крајот и Луис Суарес и Лионел Меси беа прецизни за висока победа на Барселона и пласман во полуфиналето на шпанскиот куп.

https://www.youtube.com/watch?v=z09uvFBD-u4

- Оглас -

Најнови вести