Монако одамна ги нема Фалкао и Мбапе, вечерва ќе загуби од Лион

1801 Фрајбург – Волфсбург (20.30 часот)

Претпоследното коло во Бундеслигата стартува со дуелот на овие два соседа на табелата, но Фрајбург има обезбедено место во Лигата на Европа, а теоретски може и во ЛШ, иако тоа ќе биде тешко по двата порази по ред што ги имаше. Волфсбург е шести, место кое води во Европа, но ако загуби, позицијата ќе му биде загрозена од Леверкузен и Ајнтрахт. Гостите се поефикасен тим, но имаат седум бода помалку. Во јануари беше 6-0 за Волфсбург, па Фрајбург сега ќе сака реванш.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

3001 Сасуоло – Монца (20.45 часот)

Ова е дуел на два тима од италијанската Серија А кои не може ни да излезат во Европа, ниту да испаднат. Сасуоло загуби трипати во последните пет кола, а Монца има серија од седум меча без пораз. Кога се сретнаа во Монца во јануари, резултатот беше 1-1. Сасуоло дома е прилично добар, но и Монца одамна нема загубено на гостински терен, па нерешениот резулат се наметнува како најреален.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.30)

 

1701 Лион – Монако (21.00 часот)

Лион со поразот во минатото коло се оддалечи од битката за излез во Европа и ова им е последна шанса да фатат приклучок. Монако е тим со повеќе дадени, но и повеќе примени голови од Лион. Кнезовите се четврти, но речиси без шанси да одат на трето место. Традицијата е на страна на домашните, Лион победи на последните четири домашни лигашки мечеви против Монако. Кога Монако последен пат славеше во Лион, стрелци беа Фалкао и Мбапе.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

1301 Кадис – Ваљадолид (21.00 часот)

Иако можеби според имињата овој меч не е толку атрактивен, сепак ова е едно од дербијата на колото во Шпанија бидејќи станува збор за дуел на два тима на коишто им е загрозен прволигашкиот статус. Кадис е 16-ти, Валјадолид 17-ти, а на 18-тиот Хетафе му бегаат само еден бод. Ваљадолид  има само пет ремија сезонава, а има и четири порази по ред. Кадис има три порази во последните четири кола. Последните седум меѓусебни дуели им завршуваа со 0-2 гола, така беше и во септември минатата година, кога Кадис како гостин победи со 1-0.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.70)

 

5191 Ал-Ахли – Есперанс (21.00 часот)

Египетски Ал-Ахли е со една нога во финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на првиот меч пред една недела во Тунис го победи Есперанс со 3-0. Јасно е дека тимот од Каиро нема да дозволи сензација и би требало повторно да ги израдува фановите со победа. На Есперанс не му оди добро ни во туниската лига, па чудо би било ако извлече и реми вечерва против еден од најголемите клубови на Црниот Континент.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.85)

- Оглас -

Најнови вести