Спортскиот директор на Рома ги МОЛИ навивачите да им простат за катастрофата во Фиренца

Рома се посрамоти синоќа и доживеа вистинска катастрофа на гостувањето кај Фиорентина во четврт-финалето од Купот на Италија. „Римската волчица“ беше елиминирана со неверојатни 7-1. 

По средбата, спортскиот директор на Рома, Мончи, едноставно немаше што да каже освен да ги моли навивачите да им простат за очајната игра и срамниот резултат.

„Ова веројатно е најтешкиот момент во мојата кариера. Никогаш не сум доживеал ваков пораз. Ова е момент кога можеме само да им се извиниме на сите навивачи на Рома. Единствено што можеме да речеме е извинете, извинете, извинете, илјада пати извинете. Мислам дека никој од играчите не го очекуваше ова. Пред мечот, во соблекувалната сите беа мотивирани и свесни дека ова е важен меч. Сега останува неколку дена да тренираме во мир и да останеме фокусирани. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, мора да останете заедно. Сигурно нема да има никаква казна бидејќи поголема казна од ова не може да има“, рече Мончи.

Да биде срамот поголем, Един Џеко, голгетерот на Рома, го плукна судијата и за тоа доби црвен картон во 72-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести