Мајами има три победи по ред против Бостон, квотата дека ќе го победи повторно е неверојатна (Фото)

Бостон и Мајами вечерва ќе го одиграат вториот натпревар од финалната серија на Источната конференција. Екипата на Мајами изненадувачки победи на првиот дуел во ТД Гарден со 123-116, а квотата тоа да го повтори и вечерва е неверојатна, дури 3.65.

Мајами е во серија од три победи по ред против Бостон, од кои две се на гостински терен. Нова победа би значела и комплетно освојување на противничкиот терен, со оглед на тоа дека следните два дуели ќе се играат во “Касеја Центар“ во Мајами.

Батлер беше најефикасен на првиот натпревар со 35 поени, а границата во понудата на Sport Life за вечерниот дуел е “само“ 28.5 поени. Освен најдобриот играч на Мајами, во понудата на Sport Life се уште 12 кошаркари на двете екипи.

Специјалната понуда за финалните натпревар од плеј-офот вклучува и игри на скокови, асистенции, шутеви за три поени, блокади, но и комбинација на статистичките ефекти на кошаркарите.

- Оглас -

Најнови вести