ПСЖ го продолжи договорот со играчот кој следната сезона ќе влезе во историјата на клубот (Фото+Видео)

Капитенот на ПСЖ, Маркињос, го продолжи договорот со “светците“ до 2028-мата година. Тој останува верен на клубот каде пристигна кога имаше само 19 години, односно пред девет сезони.

– “Се сеќавам кога на само 19 години пристигна во ПСЖ. Од првиот ден покажа посветеност и победнички дух, секогаш борејќи се за ПСЖ“ – изјави претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

И самиот Маркињос истакна дека ПСЖ за него е на првото место.

– “Ова е посебен момент за мене. Сигурен сум дека ќе продолжиме заедно да постигнуваме големи успеси во годините кои доаѓаат.“ – вели Маркињос.

Бразилецот со ПСЖ освои 26 трофеи. 7 првенства, 6 Купови, 6 Лига Купови и 7 Супер Купови, сите на Франција.

Маркињос за ПСЖ во овие 9 сезони има одиграно вкупно 405 натпревари и е трет на клупската листа позади Жан Марк Пилорж со 435 и Марко Верати со 413 настапи.

https://twitter.com/PSG_English/status/1659571418596532227?s=20

https://twitter.com/PSG_English/status/1659564816967651328?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести