Реал Мадрид му се приклучи на Олимпијакос во финалето од Евролигата, откако вечерва го совлада големиот ривал Барселона со 78-66.
Натпреварот започна изедначено, за што говори и нерешениот резултат после првата четвртина, но во вториот период “каталонците“ покажаа зошто се фаворити на овој натпревар и заминаа на паузата со предност од 42-36.
Во второто полувреме, неочекувано, дојде до голем пад во играта на Барселона, а тоа знаше да го искористи Реал Мадрид и да направи комплетен пресврт. “Кралскиот“ клуб третиот период го доби со девет поени разлика и во пресрет на завршницата влезе со три поени предност.
Истата слика на теренот ја гледавме и во последната четвртина, Реал повторно го доби периодот со девет поени предност за конечна победа од 78-66.
Најефикасен на теренот беше кошаркарот на Реал Мадрид, Тавареш, со 20 поени.