Сам нокаутираше цела банда хулигани, а има 58 години и неодамна правел операција на колкот

Крис Кнол е херојот на Вест хем во историскиот дуел против АЗ Алкмар, по кој Чеканите обезбедија место во финалето на Конференциската лига. Кнол не беше на теренот во редовите на гостинскиот тим, но затоа беше „Ангелот од Алкмар“, како што го нарекоа англиските медиуми, кој ги заштити семејствата на фудбалерите на трибините.

По завршување на дуелот во Алкмар, група од 50-60 хулигани на АЗ влегоа на трибината каде беа гостинските симпатизери, но и место каде што седеа и семејствата на фудбалерите на Вест хем. Пред налетот на хулиганите, храбро застана 58-годишниот Кнол кој сам успеваше да ги задржи да не се качат на трибината.

По завршување на нередите, Кнол гордо позираше, но никако не сакаше да се претстави како херој. „Не сум херој. Тоа беше моја инстиктивна реакција. Знаев дека мора нешто да направам, затоа што ако сами не се одбраневме, можевме да бидеме повредени. Само се бранев најдобро што можам“, рече навивачот кој работи како електричар и има четири деца, а единствено се жали за тоа дека не можел да купи карта за финалето во кое ќе игра неговиот клуб.

Интересно е дека 58-годишниот навивач на Вест хем неодамна имал операција на колкот и уште не е доволно закрепнат, но тоа не му пречеше храбро да застане пред разулавените уптраси на АЗ Алкмар и да ги сопре во намерата да пробијат на трибината каде што беа гостинските навивачи, но и членови на семејствата на фудбалерите на Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести